Свет

„Х5 Ритаил груп“ наскоро со формат на хард-дисконт

20 окт 2020

Еден од двата најсилни руски малопродажни синџири, „Х5 Ритаил груп“ (вториот е „Магнит“) ќе отвори 3-4 продавници за да тестира дали може да работи во формат на хард-дисконт. 

Веруваме дека ваков концепт има добри шанси за успех во моменталната глобална економска и политичка ситуација, кога приходите на потрошувачите опаѓаат, а цените остануваат еден од најважниот фактор кога се носи одлука за купување, соопштија од трговскиот синџир. 

„Х5 Ритаил груп“ во Русија е најпозната по синџирот маркети „Пјатерочка“ кој во најголемата држава во светот има дури 4.789 продажни објекти. Од компанијата соопштија дека продолжуваат да ја развиваат онлајн трговијата, од која се очекуваат по околу 12.000 нарачки дневно. За достава на намирниците преку интернет, групацијата ангажираше пет големи логистички центри. 

Називот на новите хард-дисконти уште не е познат. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 


Слична содржина



„Амазон“ ќе издвои 500 милиони долари за празнични бонуси за вработените

19 ное 2020

Германската економија во третиот квартал порасна за 8,5 отсто

19 ное 2020

Шкотска стана првата земја со целосно бесплатни менструални производи

19 ное 2020

„Амазон“ почна да продава лекови на рецепт

19 ное 2020

„Данон“ го реорганизира работењето

19 ное 2020

Франција: „Карфур“ и „Амазон“ го одложија „црн петок“

19 ное 2020
Вчитува уште новости...