Свет

Чипсовите Pringles ќе добијат нова амбалажа

19 окт 2020

Брендот чипс „Pringles” мора да претрпи редизајн за да може да се рециклира. 

 “Pringles” чипсовите се пласирани на пазарот од страна на “Procter & Gamble” уште во 1967 година, а потоа во 2012 година брендот беше купен од „Келог'с„ за 2,7 милијарди долари, и сега се продава во повеќе од 140 земји во светот. Спакуван е во амбалажа налик на цевка која овозможува сите чипсови да бидат наредени еден врз друг, за да се спречи кршење.

И покрај практичноста, познатото пакување се издвојува како многу тешко за рециклирање. Во Велика Британија има доста брендови, чии пакувања се „тешки“ за рециклирање, меѓу кои се и „Cadbury" и „Babybel". Впрочем, само 34 отсто производи од наведените категории ги почитуваат актуелните „еко стандарди“. Исто така, 41 отсто немаат никакви ознаки кои би покажале дали можат да се рециклираат. Поради тоа, британските еко-организации ја повикаа Владата да го направи означувањето на тој тип на производи „едноставно, јасно и задолжително“. 

Во меѓувреме, се огласи  „Келог'с“ кој соопшти дека тие веќе тестираат нова амбалажа од рециклирана хартија, која е присутна во неколку продавници на „Теско“. Ако се покаже како успешна, од неа ќе се прави новото пакување на „Pringles”. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 


Слична содржина



Германската економија во третиот квартал порасна за 8,5 отсто

17 ное 2020

Шкотска стана првата земја со целосно бесплатни менструални производи

17 ное 2020

„Амазон“ почна да продава лекови на рецепт

17 ное 2020

„Данон“ го реорганизира работењето

17 ное 2020

Франција: „Карфур“ и „Амазон“ го одложија „црн петок“

17 ное 2020

„7 Елевен“ влегува на пазарот во Изреал

17 ное 2020
Вчитува уште новости...