Регион

Хрватска: Пакети „Подравка“ бесплатно на домашна адреса

25 мар 2020

„Подравка“ и „Хрватска пошта“ ги здружија силите и овозможија онлајн нарачка на пакети со производите на „Подравка“, со бесплатна достава. 

Акцијата беше покрената по бројни прашања од хрватските граѓани за тоа како да ги добијат нашите производи што најмногу ги користат во домаќинството. Во пакетите ги има најбараните производи во асортиманот: квасец, супи, конзервиран зеленчук, риби, детска храна, намази и друго. Поединечните цени на производите се пониски од редовните цени на пазарот, а пакетите можат да му се пратат и на трето лице. 

Додека најголем дел од граѓаните сега се во сигурноста на својот дом, нашите вработени неуморно работат за да произведат доволна количина прехранбени производи. Вложуваме и дополнителен напор за подготовка на пакетите кои стигнуваат на домашна адреса, за граѓаните што помалку да излегуваат надвор. На овој начин, со нашиот партнер „Хрватска пошта“, ги помагаме активностите на надлежните институции за ограничување на ширењето на коронавирусот, изјави Марин Пуцар, претседател на Управата за „Подравка“. 

 

 




Слична содржина

@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.