Регион

„Сапониа“ ги награди вработените

24 мар 2020

Управата на „Сапониа“ одлучи да ги награди своите вработени со еднократна награда во износ од по 1.000 куни (133 евра) и на тој начин им се заблагодари за нивната работа во време на пандемија со коронавирусот. 

Поради зголемена потреба за нашите производи, работиме со зголемен капацитет, за да осигураме доволни количини детергент, сретства за чистење и сапун, а дополнителен ангажман има и во производството на средства за дезинфекција на раце и на површини, соопштија од „Сапониа“. 

Од компанијата, која веќе 126 години за грижи за хигиената на луѓето и на нивните домови, велат дека чувствуваат посебна одговорност кон граѓаните на Хрватска и затоа осигурале се што е потребно за нормално одвивање на производството. 

 




Слична содржина

@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.