Регион

Словенија: Три категории граѓани ќе имаат предност во маркетите

19 мар 2020

Поради коронавирусот при пазарањето во словенечките маркети предност ќе имаа пензионерите, лицата со инвалидност и бремените жени, соопшти Кризниот штаб на Словенија.

Одлуката која веќе почна да важи се однесува на временскиот период од осум до десет часот наутро.

Пред поголемите маркети веќе е распоредено обезбедување кое прави ред кој и кога може да влезе да пазари, а целта е да се избегне метежот и можното ширење на коронавирусот. Дополнително во некои маркети не може воопшто да се влезе без да се направи целосна дезинфекција на рацете.

Поради големите гужви во продавниците за храна многу често се случуваше некои производи воопшто да не можат да се најдат за продажба.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...