Регион

Се празнат маркетите во Словенија и во Хрватска

26 фев 2020

Во некои маркети во Љубљана дел од полиците останаа празни, откако поради страв од корона вирусот граѓаните почнаа масовно да купуваат тестенини и конзервирана храна, пренесе МИА. 

Складирањето храна почна откако се проширија првите информации за заболени од вирусот во соседните Австрија и Хрватска. 

Ова денеска што се случува јас го немам видено. Доаѓаат луѓе и купуваат резерви на храна во вредност и по 150 евра. Полиците со тестенини и со конзерви се празнат веднаш откако ќе ги наполниме. Оваа паника е сосема непотребна, вели жена вработена во еден од поголемите маркети во Љубљана. 

Засега, во Словенија уште нема регистрирано лице заразено од корона вирус. 

И маркетите „Конзум“ и „Шпар“ во Хрватска забележаа зголемување на прометот во последните денови, што може да се поврзе со појавата на корона вирусот во Хрватска. Засега има два потврдени случаи во оваа земја. 

Неколку дена наназад е зголемен прометот и има зголемена активност во сите продавници, како и во интернет продавницата на „Конзум“. Имаме адекватни залихи од сите артикли па нашите продавници и магацини се добро опремени, изјавија од „Конзум“. 

Од синџирот маркети велат дека ги преземаат сите мерки за превентивна заштита согласно препораките на тамошниот Завод за јавно здравје, односно спроведуваат засилени хигиенски и санитарни мерки во синџирот на снабдување и ги едуцираат вработените. 

И од „Шпар“ велат дека прометот е нагло зголемен во последните неколку денови.

Ги следиме најновите информации, во контакт сме со надлежните институции и ги следиме сите упатства за да осигураме максимална заштита за своите вработени и купувачи, велат од „Шпар“-Хрватска. 

Од млечната индустрија „Дукат“ потврдија дека имаат зголемен број нарачки од трговските синџири за производи со подолг рок на траење - трајно млеко, павлака за готвење, намази и топено сирење. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...