Регион

БиХ ќе извезува говедско месо во Обединетите Арапски Емирати

13 фев 2020

На Босна и Херцеговина од вчера ѝ е одобрен извоз на говедско месо во Обединетите Арапски Емирати, соопштија од босанското министерство за надворешни работи и економски односи. 

Од таму посочија дека освен одобрението, следно што треба да се преземе е да се усогласат ветеринарно-здравствените сертификати меѓу надлежните институции во двете земји. 

Трета мерка е надлежните тела на Емиратите да одобрат кланици, по што извозот ќе може непречено да се одвива.