Регион

„Бањалучка пивара“ основа компанија во Србија

12 фев 2020

„Бањалучка пивара“ донесе одлука за основање компанија во Србија. Одлуката е донесена завчера, на седница на акционерите во пиварницата. 

Точниот назив на новата компанија ќе биде одреден дополнително, низ постапка во Агенцијата за стопански регистри на Србија. 

Целта на одлуката е да се шири стратешката дистрибуција на производите на „Бањалучка пивара“ и на српскиот пазар.