Регион

Хрватска: „Конзум“ распиша натпревар за малите производители

07 фев 2020

Трговскиот синџир „Конзум“ распиша натпревар за вклучување на производите на малите локални производители во својата продажна мрежа. Проектот се вика „Најдоброто од Хрватска“. 

Со овој натпревар, „Конзум“, кој сега соработува со околу 600 мали и големи добавувачи од Хрватска и со повеќе од 3.000 кооперанти, дополнително ќе ја засили силната врска која во тек на минатите години ја изгради со своите партнери и во пракса го докажа својот стратешки приоритет - поддржување на хрватското производство и на домашните производители, соопштија од „Конзум“.  

Натпреварот ќе трае цела година. Ќе се бираат нови, најдобри мали локални производители, со цел долгорочен и квалитетен пласман на нивните производи преку полиците на „Конзум“ до хрватските потрошувачи. Селекцијата ќе се прави врз основа на потребите за проширување на асортиманот во одреден сегмент, можностите на малите производители и желбите и потребите на купувачите. 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...