Регион

Ќорлука најави почеток на производството во „Ласта“

05 фев 2020

До крајот на годината ќе почне производството во фабриката за кекси „Ласта“, најави Петар Ќорлука, сопственик на „Виолета“, кој  ја купи и „Ласта“. 

Мислам дека без вложувања, „Ласта“ не би можела да се врати на старите патеки. Сега правиме истражувања на пазарот по категории и планираме да ги подобриме старите производи на „Ласта“, да развиеме некои нови и да видиме што е тоа што му недостасува на пазарот, а кај нас го нема. Видливо е дека трендовите во Европа е да се прават слатки со што помалку шеќер, значи здрава исхрана, па планот е да се оди во таа насока. Фокусот е на инвестирање во нови технологии, рецептури и во што подобри суровини, изјави Ќорлука.   

„Ласта“ ќе го почне производството на пет производи, а и тоа ќе се случи откако објектите целосно ќе се реновираат и ќе стигне новата технологија. 

Откако ја купи „Ласта“, Ќорлука најави дека за обнова и оспособување на производството во фабриката според стандардите кои ги бара ЕУ, планира да вложи 10 милиони евра.