Регион

„Атлантик група“ на најголемиот светски прехранбен саем

17 јан 2020

„Атлантик група“ со палета од познатите брендови Argeta, Barcaffe, Donat, Cedevita и Cockta се претстави на „Меѓународна зелена недела Берлин 2020“, еден од најзначајните и најголеми светски саеми за земјоделство и за исхрана.  

Нашиот пристап за одржливост вклучува паметно искористување на локалните ресурси, грижа за заедницата и грижа за животната средина. Тоа подразбира инсистирање на одржливост во целиот синџир, од набавка на суровини, производството, преку логистика до совесна консумација. Новите генерации посветуваат големо внимание на овие прашања и бираат брендови кои се освестени, еколошки прифатливи и оригинални, а ние имаме што да им понудиме, изјави Емил Тедески, претседател на Управата на „Атлантик група“. 

Стратегијата што компанијата ја спроведува последните години, а која се фокусира на намалување на отпадот, дава значителни резултати. Количината на отпадот што компанијата го генерира во рамки на производните и дистрибутивни активности е намалена за 18 отсто во последните четири години. За истиот период, преполовена е количината на отпад што ги оптоварува депониите. Според Тедески, Argeta направи голем чекор со премин од класична на алуминиумска амбалажа. Barcaffe, пак, понуди иновации во производството на амбалажа која се состои од 70 отсто обновливи извори и намалена тежина на пакување што доведе до намалување на стакленичките гасови за 63 отсто. 

Земја-партнер на „Зелената недела“ годинава е Хрватска. Тоа е шанса таа да ја претстави својата прехранбена индустрија пред широка публика. 

За време на претстојниот викенд, министрите за земјоделство и повеќе од 2.000 други врвни претставници од политика, бизнис и наука од 70 земји ќе присуствуваат на конференција за земјоделска политика, „Глобален форум за храна и земјоделство“ што ќе се одржи во рамки на овој саем. 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...