Регион

Хрватска: Повратен надомест и за амбалажата за млечни производи

17 јан 2020

Од идната година Хрватите ќе можат да добијат повратен надомест од по 0,5 куни за отпадна амбалажа за млеко и млечни производи и амбалажа за пијалок со волумен од 0,2 литри. 

Тоа е озвозможено откако хрватската Влада направи измени во закон со кој е уредено постепено да се намалува манипулативниот надомест кој Фондот за заштита на околината им го исплаќа на трговците и на лицата кои управуваат со погони за рециклирање и кои отпадната амбалажа за пијалоци ја преземаат лично од потрошувачите. 

Овој надомест ќе се зголеми ако се презема отпадна амбалажа со помош на апарат, со цел да ги поттикне трговците и погоните за рециклирање да набават уреди за преземање отпадна амбалажа. Оваа година тој надомест ќе изнесува по 0,14 куни за парче и по 0,18 куни од 2022 година па натаму. 

Целта на акцијата е да се отстранат десетици милиони парчиња пластика од територијата на Хрватска. 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...