Регион

Зарем „Шпар“ доаѓа во Србија?

26 дек 2019

Еден од најголемите трговски синџири во Европа, холандскиот „Шпар“, најверојатно ќе пристигне на пазарот во Србија.

Српски медиуми пренесуваат дека во тек се завршни преговори меѓу српскиот трговски синџир „Аман“ и „Шпар“. Купопродажниот договор треба да се потпише веднаш по новогодишните празници.

„Шпар“ веќе десет години прави обиди да влезе на српскиот пазар. Минатата година пропаднаа преговорите со „Меркатор С“, по што холандскиот трговец почна да преговара со маркетите „Аман“. 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...