Регион

„Орбико“ гради логистички центар во Бугарија

13 дек 2019

Логистичката компанија „Орбико“ Бугарија почна изградба на комплекс со логистички центар и канцеларии во Софија, во вредност од 26,5 милиони евра. Компанијата е дел од групацијата „Орбико“ од Хрватска. 

Објектот ќе се простира на 57.000 квадратни метри, вклучувајќи 32.000 квадратни метри складишен простор, 4.500 квадратни метри канцелариски простор и соодветна инфраструктура. Новиот логистички центар ќе отвори нови 500 работни места. Објектот треба да биде готов во рок од 18 месеци. 

Ова ќе биде најголем логистички центар на групацијата „Орбико“ во Бугарија и тој ќе има големо значење за работењето на локалните единици на „Орбико“, изјави Бранко Роглиќ, сопственик и претседател на Управата на групацијата.