Регион

„Нестле“ првпат го претстави работењето во БиХ

21 ное 2019

Членовите на управниот одбор, првпат во БиХ зборуваа за конкретни бројки на компанијата, на глобално и на локално ниво, но и за плановите и целите за наредниот период.

Како што истакнуваат од компанијата „Нестле“ глобално има 413 фабрики, 34 истражувачки центри, а работи во 189 земји во светот, вработувајќи дури 308.000 луѓе.

На територијата на БиХ, работи како „Нестле Адриатик“ и во БиХ директно вработува 17 луѓе, додека во широката мрежа на дистрибутери, возачи и други вработени, индиректно вработува 100 луѓе.

Факт е дека секој ден во светот се продадени повеќе од милијарда производи на „Нестле“, што зборува за тоа колку голема е одговорноста кон потрошувачите, околината и заедницата во која работиме. Во БиХ компанијата забележа пораст од 2,6% и продажба од 17,5 милиони евра, а порастот продолжува и годинава. Во првата половина од 2019 година забележан пораст од 2,9% и продажба од вкупно 8,52 милиони евра. За тоа се заслужни континуираните иновации во портфолиото на производи, но и унапредувањето на деловните процеси. На пазарот во БиХ сме присутни во седум категории, а пазарни лидери сме во категоријата инстант кафе и во кулинарскиот асортиман, истакна Динко Јуришиќ, директор на продажба за БиХ.

Кон крајот на 2017 година „Нестле Адриатик“ стана дел од поголем пазар на Југоисточна Европа, која со Романија и Бугарија опфаќа дури 50 милиони потрошувачи.

Надја Солдат, менаџерка на категоријата CCSD, истакна дека во компанијата, во изминатите пет години, спроведени се значителни истражувања. Според нив, потрошувачите на БиХ ги следат светските трендови, сакаат квалитетна и нутретивно богата храна, но сакаат да го знаат и нејзиното потекло.

Активно работиме на унапредување на секој производ, зголемување на количеството овошје, зеленчук, микронутриенти и цели зрна, а досега од производите отстранивме 40.000 тони шеќер, 15.000 тони сол и 6.200 тони заситени масти, додаде Солдат.