Регион

„Кралот на бананите“ основа авиокомпанија

20 ное 2019

Претприемачот Изет Растодер, кого го викаат „крал на бананите“, основа авио-компанија, наречена „Ер Адриатик“ и има намера да купи два авиона, пишува словенечкиот весник „Фајнанс“.

Како што порано известија словенечките медиуми, Растодер е еден од петте понудувачи за купување на имотот на „Адрија ервејс“, а поднел барање и за добивање сертификат за комерцијални летови.

Растодер работи со меѓународната трговија со банани речиси три децении и за тоа време успеа да ја позиционира компанијата како една од шесте најуспешни во дистрибуцијата на банани во светот. Таа поседува еден од водечките светски брендови - Derby. Под овој бренд се дистрибуираат најквалитетните банани од Еквадор, Колумбија, Костарика, Гватемала и Хондурас и цитрусни овошја од Јужна Африка и од Аргентина.

Основна дејност на компанијата „Растодер“ е трговија и дистрибуција на овошје и зеленчук. Со центар во Љубљана, компанијата успешно работи на сите светски пазари, особено на Медитеранот, на Црното Море и на Балканот.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 


Слична содржина



„Бинго“ го отвора најголемиот трговски центар во БиХ

29 јун 2020

„Конзум“ им исплаќа милион ипол евра регрес на вработените

29 јун 2020

Шарановиќ го помина прагот од 30 отсто удел во „Краш“

29 јун 2020

(ВИДЕО) „Виолета“ од темел ја обновува чапљинска „Ласта“

29 јун 2020

Повторно вонредна состојба во Белград

29 јун 2020

„Кромарис“ оствари рекордна продажба во јуни

29 јун 2020
Вчитува уште новости...