Регион

Почна изградбата на првата ИКЕА во Словенија

12 ное 2019

Неодамна во Љубљана со поставување камен-темелник почна изградбата шведскиот синџир на продавници ИКЕА. Целиот проект изнесува околу 90 милиони евра и ќе вработи 300 луѓе.

Продавницата ќе се простира на 30.000 м², а изградбата ќе трае околу една година. ИКЕА во Љубљана ќе нуди околу 10.000 производи, ќе бидат достапни 1.000 паркинг-места и 170 паркинг-места за велосипеди, како и ресторан.

На свеченото поставување на камен-темелникот присуствуваа, меѓу другите, Сара дел Фабаро, директор на ИКЕА за Југоисточна Европа, Зоран Јанковиќ, градоначалник на Љубљана, и Јоже Мермал, претседател на Управниот одбор на трговскиот центар БТЦ, во чии рамки се гради ИКЕА.