Регион

Успешно заврши 6. FMCG Retail Summit во Србија

25 окт 2019

Шестиот FMCG Retail Summit, во организација на магазинот InStore, и оваа година собра околу 500 професионалци од секторот на стока за широка потрошувачка и придружните индустрии. 

Присутните имаа можност да слушнат анализи за домашниот и за регионалниот трговски сектор, искуства за управување со брендовите и со вработените, анализа за трендовите во централна Европа, како и преглед на новите модели на работење на глобално ниво.Меѓу останатото, компаниите во секторот стока за широка потрошувачка и во придружните индустрии во следниот период треба да очекуваат големи предизвици, но и можности за раст - кој доаѓа покрај забрзаниот развој на нови модели на работење. Во таков свет, се менуваат изворите на приходи, се појавуваат нови трошоци, се менува позицијата и се засилува значењето на оправување со производните, услужните и други процеси. 

Саемот се одржа вчера во хотелот „Hyatt Regency“ во Белград.  

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...