Регион

Србија: „Лидл“ донира седум тони храна

10 окт 2019

Преку мрежата на локални организации на Црвениот крст, „Лидл“ донира седум тони храна во осум локални заедници, а со донациите се опфатени 7.000 пoединци.

Донацијата е дел од стратегијата за општествено одговорно работење на „Лидл“ - Србија, под слоганот „На пат кон утре“, со која компанијата досега на повеќе начини придонесе за унапредување на условите за живот во општините каде што отворила продавници.

Една година работење беше обележано со многу средби со потрошувачите низ Србија, па сакавме на првиот роденден да им се заблагодариме и на социјално загрозените, правејќи да се чувствуваат како дел од заедницата. Воедно сакавме да поттикнеме што е можно поголем број луѓе на солидарност, истакна Мартина Петровиќ, раководител на корпоративни комуникации во „Лидл“.

„Лидл“ и понатаму ќе ја продолжи соработката со Црвениот крст, а во наредните месеци потрошувачите ќе имаат можност да се информираат како и тие да се приклучат и да бидат дел од кампањата.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...