Регион

Продолжува извозот на хрватски производи преку „Шпар“

04 окт 2019

Во првата половина од 2019 година големи, средни и мали хрватски производители преку „Шпар“ извезле производи во вредност од 35,03 милиони евра и тоа во Австрија, Унгарија, Словенија и Италија.

Најголем пораст на извозот е забележан во Австрија, потоа во Италија, а извозот порасна за дури 165% во споредба со истиот период минатата година.

„Шпар“ - Хрватска продолжува да им дава поддршка на хрватските доставувачи и да им ја отвора вратата за извоз во сите земји каде што работи нашата групација. Особено нè радува што бројот и количеството на хрватски производи што се извезуваат во продажната мрежа на „Шпар“ се во континуиран пораст, истакна Хелмут Фензл, претседател на управата на „Шпар“ - Хрватска.

Двоен пораст на извозот на словенечкиот пазар оствари „Кромарис“, додека „Писиниум“ го зголеми извозот на овој пазар за 74%. Со добри резултати, благодарение на „Шпар“, може да се пофали и „Виндија“, чиј извоз во Словенија се зголеми за 19%.




Слична содржина

@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 



Одговорно управување со пластиката во „Лидл“ – Србија

18 мај 2020

Во јули во Белград ќе се одржи најголемиот балкански вински натпревар

18 мај 2020

„Певекс“ се залага за бесплатна недела

18 мај 2020

„Бинго“ - најголем работодавец во БиХ

18 мај 2020

„Маталац“ донира дезинфекциски тунел

18 мај 2020

Македонците од 1 јуни може да патуваат во Србија без негативен тест за коронавирусот

18 мај 2020
Вчитува уште новости...