Регион

Босна и Херцеговина целосно ќе ги забрани пластичните кеси

08 окт 2019

Босна и Херцеговина планира да воведе целосна забрана на пластичните кеси. 

Во моментов, се подготвува нова Уредба за надоместокот за пластични кеси со дебелина до 50 микрони и ќе се однесува на сите кеси без разлика на големината и обликот на рачката. Ќе бидат опфатени кесите кои потрошувачите ги добиваат во аптеки, во маркети, во продавници за кондури, оние во кои се пакува овошје и зеленчук и така натаму.  Исто така, наскоро ќе биде прецизирана и годината од која ќе се спроведе целосна забрана на употребата на пластични кеси, а во согласност со најдобрите светски трендови, соопштија од Министерството за туризам и заштита на животната средина.

Од таму потсетуваат на одлуката на Европската комисија, според која од 2021 година ќе биде забрането производство и продажба на предмети од еднократна пластика, како што се чаши, чинии, цевки и слично. 

Според проценките, амбалажниот пластичен отпад во Босна и Херцеговина, во периодот 2008-2018 година, бил по 72.820 тони годишно. 

 




Слична содржина

@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 



Одговорно управување со пластиката во „Лидл“ – Србија

18 мај 2020

Во јули во Белград ќе се одржи најголемиот балкански вински натпревар

18 мај 2020

„Певекс“ се залага за бесплатна недела

18 мај 2020

„Бинго“ - најголем работодавец во БиХ

18 мај 2020

„Маталац“ донира дезинфекциски тунел

18 мај 2020

Македонците од 1 јуни може да патуваат во Србија без негативен тест за коронавирусот

18 мај 2020
Вчитува уште новости...