Регион

„Меркатор“ планира ширење на малопродажната мрежа

20 авг 2019

„Меркатор-С“ се наоѓа во грушата на 10. најголеми компании во Србија и има 8.100 вработени кои секој ден услужуваат и до 300.000 потрошувачи.

Ви изминатите години успешно ја намаливме задолженоста и ја зголемивме профитабилноста. Секако дека има уште многу работа, што ќе биде полесно во рамките на „Фортенова“. Клучните проекти и понатаму се во насока на обнова на логистиката, изградба на логистички центар во Љубљана и вложување во унапредување на логистиката во Србија. Оваа земја е многу интересна за нас како пазар, бидејќи активно се консолидира и речиси сме сигурни дека ќе извршиме некакво преземање, рече Томислав Чизмиќ, претседател на Управата на „Меркатор груп“.

„Меркатор груп“ вработува повеќе од 20.000 луѓе, работи на четири пазари и на своите полици има повеќе од 40.000 производи. Компанијата „Меркатор-С“ е дел од „Меркатор груп“ и е еден од најголемите малопродажни синџири во Србија. Во мрежата која покрива речиси 80 градови, компанијата има 284 продавници „Идеа“, 36 маркети „Рода“, 2 хипермаркета „Меркатор“, 4 центри „Велпро“ и еден хорека-центар наменет за угостителите.

„Меркатор-С“ се наоѓа во групата на 10. најголеми компании во Србија и има 8.100 вработени кои секој ден услужуваат и до 300.000 потрошувачи.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...