Регион

Град Белград од 1 јануари ќе ги забрани пластичните кеси

12 авг 2019

Локалната власт на Белград од 1 јануари следната година ќе ги забрани пластичните кеси и тие нема да смеат да се нудат во малопродажните објекти. Формалната одлука ќе биде донесена на седница на Собранието на Град Белград до крајот на август, најави Горан Весиќ, заменик градоначалник на Белград. 

Тој најави дека Белград ќе биде меѓу првите европски градови кој донел таква одлука. 

Мерката ја најавивме пред повеќе од една година, на состанок со претставници на малопродажните синџири. Од јануари во продавниците нема да биде дозволено користење пластични кеси. Во меѓувреме, маркетите воведоа наплата на овие кеси и со тоа придонесоа нивното користење во Белград да се намали за околу 60 отсто, рече Весиќ. 

Тој додаде дека гувернерот на Њујорк веќе потпиша закон со кој од март 2020 година на територијата на оваа сојузна држава во САД ќе биде забрането да се користат пластични кеси, а и германските власти најавија дека ќе воведат ваква мерка. 

Европската Унија до 2021 година ќе ги забрани производите од пластика за еднократна употреба како што се пластични сламки, вилушки, ножеви, додека за другите производи од пластика е оставен рок во кој треба да престане нивната употреба, додаде Весиќ. 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 


Слична содржина



„Бинго“ го отвора најголемиот трговски центар во БиХ

29 јун 2020

„Конзум“ им исплаќа милион ипол евра регрес на вработените

29 јун 2020

Шарановиќ го помина прагот од 30 отсто удел во „Краш“

29 јун 2020

(ВИДЕО) „Виолета“ од темел ја обновува чапљинска „Ласта“

29 јун 2020

Повторно вонредна состојба во Белград

29 јун 2020

„Кромарис“ оствари рекордна продажба во јуни

29 јун 2020
Вчитува уште новости...