Регион

БиХ: Дрогеријата dm ги повлекува пластичните кеси од употреба

07 авг 2019

Дрогеријата dm во Босна и Херцеговина (БиХ) од 12 август ќе ги повлече од употреба пластичните кеси за купувачи од своите продавници и наместо нив ќе дава платнени торби. 

Купувачите ќе добијат „торба за цел живот“, така што оштетената платнена торба ќе можат бесплатно да ја заменат за нова. Целта е да се намали употребата на тенките пластични кеси, кои се користат просечно по 12 минути, додека нивното разградување трае неколку стотини години. 

Во продажба ќе останат само цврстите пластични кеси наменети за повеќекратна употреба. 

Загрижени поради фактот дека во БиХ на месечно ниво се трошат по околу 100 милиони пластични кеси, а годишната потрошувачка  е повеќе од милијарда парчиња, се одлучивме да преземеме нов чекор со цел, заедно со нашите потрошувачи, да придонесеме кон заштита на околината и зачувување на природата, изјави Адмира Исаковиќ, раководителка за набавки и маркетинг во dm во Босна и Херцеговина. 

Оваа иницијатива е дел од општествено-одговорните практики што ги применуваат големи компании ширум светот со иста цел, а тоа е редукција на пластичниот отпад. Поради тоа преземаат мерки да ги едуцираат и поттикнуваат купувачите да користат алтернативни решенија.  

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...