Регион

Нов „Томи“ во Биоград на Море

28 јун 2019

На крајот од мај трговскиот синџир „Томи“ го отвори новото продажно место во далматинскиот град Биоград на Море.

Максимаркетот е современо и функционално опремен, за на купувачите да им овозможи посебно доживување при купувањето, покрај стандардните поволни цени, се наведува во соопштението на трговецот.

Површината на објектот е 900 квадратни метри, а понудата ја сочинуваат голем број прехранбени и непрехранбени производи. Акцентот е на свежото месо, овошјето и зеленчукот, деликатесите и на пекарските производи.

Во максимаркетот е модернизиран и забрзан процесот на прифаќање на амбалажата преку инсталираниот систем од најновата генерација. Со тоа ја покажуваме нашата стратешка ориентираност кон одржливиот развој и заштита на околината, истакнуваат од компанијата.

Новиот „Томи“ резултираше со отворање на нови 25 работни места.