Регион

Секој десетти работник во Словенија е странец

20 јун 2019

Според податоците на Државната статистичка канцеларија, кон крајот од минатата година во Словенија имало 885.700 работно активни лица, меѓу кои 87.700 странци, што значи дека речиси секој десетти вработен е странски државјанин.

Повеќето од нив се од Босна и Херцеговина (42.000), па следуваат државјани од Србија (околу 11.000).

На трето место се работници од Хрватска, но разликата е во тоа што на Хрватите за вработување во Словенија веќе не им требаат работни дозволи со оглед на членството на Хрватска во Европската Унија.

Речиси 7.100 вработени во Словенија се од Косово, а 6.000 се македонски државјани.

Вработувањето лица од трети земји од 2015 година го олеснува и правилото според кое дозвола за работа и престој странците може да добијат во општините, дипломатските претставништва во други земји или преку агенцијата за вработување. Поради тоа, бројот на вработени странци во Словенија во последните години е многу висок.

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...