Регион

„КМВ“ и „ПепсиКо“ ја купуваат српска „Књаз Милош“

06 јун 2019

Чешката „Карловарске Минералне Воде“ (КМВ), најголемиот дистрибутер на безалкохолни пијалаци во Централна Европа и „ПепсиКо“, светски производител на храна и пијалаци, кои работат во повеќе од 200 земји, се согласија заеднички да купат 100 отсто од сопственост во српската компанија „Књаз Милош“.

Таа трансакција вклучува купување производствени капацитети на компанијата „Књаз Милош“ во Србија, како и добро позиционирани брендови. 

Се очекува трансакцијата да биде завршена во текот на третиот квартал од 2019 година, по процесот на одобрување од страна на антимонополските комисии на пазарите на Србија и Црна Гора.

Компанијата „ПепсиКо“ имаше повеќе од 64 милијарди долари нето приходи во 2018 година.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...