Компанијата „Виолета“ го проширува постоечкиот погон во општина Груде, Босна и Херцеговина, за дополнителни 7.000 квадратни метри.
Работите се веќе пред крај.
Проширувањето е поради потребата да се инсталираат нови линии за да одговорат на потребите на пазарот и да осигураат доволно количество за големо сериско производство.
За сериско производство се потребни големи брзини, и поради тоа новите вложувања се значајни. Станува збор за инвестиција од околу 15 милиони евра. Годинава планираме да излеземе и на нови пазари. Веќе почнавме со дистрибуција на албанскиот пазар, а во план е да одиме на бугарскиот и на полскиот пазар, информираа од „Виолета“.
Во погонот во Груде, компанијата ја работи течната програма - течни детергенти, средства за чистење и омекнувачи. Лансираа и нов производ - детергент за чистење подови.
Оваа година, компанијата ќе инсталира и нова линија за производство на хигиенски влошки и ќе купи нова машина за производство на пелени - гаќички.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.