Регион

„Подравка“ оствари најдобри резултати во 70-годишното работење

25 фев 2019

Надзорниот одбор на „Подравка“ ги потврди неревидираните резултати од работењето на „Група Подравка“ за 2018 година, при што изрази задоволство од остварените позитивни трендови во резултатите на сите нивоа.

Станува збор за најдобри резултати во 70-годишната историја на „Подравка“. Тоа се должи на органскиот раст на продажбата со истовремена контрола на оперативните трошоци на работењето.

Новата визија на „Подравка“ целосно ги исполни очекувањата на деловната 2018 година. Концентрацијата на нашите традиционални пазари и брзата динамика на иновациски циклуси на клучни брендови и категории ни го донесоа најдобриот оперативен резултат во долгогодишната историја. Денес со сигурност може да се потврди дека „Подравка“ во клучните параметри на работењето може во целост да се спореди со компаниите од меѓународните пазари, изјави Марин Пуцар, претседател на управата на „Подравка“.

Нето добивката на „Група Подравка“ во минатата година изнесуваше 205,7 милиони куни, што претставува многу значаен раст во однос на 2017 година кога беа остварени 18,2 милиони куни.

Сегментот „исхрана“ оствари 3.33 милиони куни приход од продажбата што претставува зголемување од 2,8 отсто, односно, 91,6 милиони куни повеќе во споредба со годината претходно. Остварен е раст за 3,6 отсто на сопствените брендови, односно 106,2 милиони куни. Најголем раст од 8,7 отсто е остварен во сегментот „детска храна“.

Вториот сегмент на „Група Подравка“, фармацијата, оствари 896,9 милиони куни приход од продажбата, што претставува раст од 3,4 отсто, односно 29,4 милиони куни повеќе во споредба со 2017 година.

Исто така, компанијата минатата година успеа да ја намали вкупната задолженост за 303,7 милиони куни.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...