Регион

Се продава „Ваљевска пивара“ за 7 милиони евра

07 сеп 2018
Министерството за економија на Србија објави јавен повик за продажба на „Ваљевска пивара“, за почетна цена од 7,05 милиони евра.
 
Заинтересираните можат да поднесат пријави за учество до 5 октомври, додека отворањето на понудите ќе биде на 8 октомври. Право на учество во постапката имаат домашни и странски компании кои се регистрирани за производство на пиво и кои имаат приход од најмалку 20 милиони евра во последната година. 
 
Државата ја презеде „Ваљевска пивара" по нејзината неуспешна приватизација во 2003 година. Тогаш, пиварницата ја купи конзорциум на белгардаската „Атлас груп" која ја сочинуваа „Триглав осигурување", „Градина експрес" и тогашна „Атлас банка". Стечајот беше воведен во 2010 година бидејќи компанијата не можеше да ги подмирува обврските. 
 
„Ваљевска пивара“ има капацитет на производство од 250.000 хектолитри пиво годишно и 30.000 хектолитри освежителни безалкохолни пијалоци годишно

 


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...