Регион

„Панвита“ отвори месен центар Ave

23 јул 2018
Новоотворениот центар се простира на продажна површина од 200 м² и производствен погон над 300 м² .
 
Групацијата „Панвита" ја шири својата малопродажна мрежа од помалите населени места, во поголемите градови. На 19 јули отворен е месен центар Ave во Марибор, а во план е отворање и во Љубљана.
 
Како што истакна, за време на отворањето, главниот извршен директор на групацијата „Панвита" Тони Балажич, ова е нивниот шести месен центар, кој се простира на продажна површина од 200 м² и производствен погон над 300 м² .
 
Во центарот ќе може да купуваат крајните купувачи, но и оние што се снабдуваат на големо како угостителите, хотелите, училиштата, градинките и болниците. Освен тоа, во понуда ќе има и свежо подготвено јадење од месо, месни преработки и други прехранбени производи. 
 
Инвестицијата е вредна 500.000 евра, а во месниот центар ќе бидат вработени 10 луѓе. 

 


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...