Регион

Нов супермаркет на „Шпар“ вреден 9 милиони евра

06 јул 2018
Во новоотверениот супермаркет е имплементиран систем за штедење енергија и за заштита на околината.
 
„Шпар" отвори нов супермаркет во Кнежија, Загреб, кој е 109. по ред во Хрватска, каде се вработени 60 луѓе.
 
На полиците на новиот супермаркет купувачите, меѓудругото, ќе можат да пронајдат производи од приватната трговска марка на „Шпар", меѓу нив овошје и зеленчук од приватната трговска марка Vrtovi Hrvatske, богата понуда на врвни крафт пива, посебен оддел за енергетски пијалаци и др.
 
Во новиот „Шпар" во Кнежија вложени се дури 9 милиони евра, а при изградбата особено внимание е посветено на најсовремените стандарди и новитети во екологијата и енергетската ефикасност. Горди сме на модерниот и напреден систем за греење кој штеди енергија и води сметка за околината, изјави Хелмут Фензл, претседател на Управата на „Шпар" - Хрватска.
 
Системот за греење е создаден така што во текот на целата сезона за греење, повеќе од 50% од потребната енергија се добива од користење на отпадната енергија од системот за разладување. Имплементираниот систем, освен што штеди има и позитивно влијание на околината бидејќи ја намалува емисијата на јаглероден диоксид кој се создава со греењето. 
 

Новиот „Шпар" се простира на површина од над 2.000 м², а во гаражата има простор за 69 паркинг-места.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...