Регион

Втор објект „ХопИн“ во Љубљана

27 јун 2018
По отворањето на првиот објект „ХопИн" во Љубљана, на ул. Словенска цеста бр. 54, компанијата „Петрол" го отвори и вториот објект, на Бетовенова улица бр. 7.
 
Како што и претходно беше најавено, во план е отворање на пет малопродажни објекти, каде ќе се продаваат неколку илјади производи, сè освен гориво. Во моментов, работат маркетите во Крањ и во Цеље и два во Љубљана.
 
Според зборовите на директорот за малопродажба во „Петрол", Матјажа Шивкович, во Марибор имаат административни проблеми во врска со добивањето документација за изградба, но следниот месец би требало да отворат објект и во овој град. 
 
Со отворањето на објектот во Марибор ќе се оствари планот за пет маркети „ХопИН", но од компанијата најавија дека, доколку овој концепт се покаже како добар, можно е проширување на мрежата и во земјите од регионот, каде што работи „Петрол".

 


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...