Регион

„Нестле“ го продаде Cipiripi

07 мај 2018
Како дел континуираната ревизија на портфолиото, „Нестле" во Србија најави потпишување на договор за продажба на локалниот кондиторски бренд Cipiripi на компанијата „Параќинка".
 
Како што е најавено, трансакцијата, која вклучува чоколадни табли и кремови Cipiripi, ќе биде објавена кон крајот на вториот квартал од 2018 година, по завршувањето на вообичаените одобрувања и завршни услови.
 
Од компанијата порачуваат дека трансакцијата нема да влијае на работните места во компанијата „Нестле адриатик".
 
Cipiripi има долга и богата историја, со повеќе од 27 години присуство во Србија и е синоним за убави спомени од детството. Во „Параќинка", која е членка на дистрибуциската групација „Силбо", пронајдовме исклучителен дом за нашиот кондиторски бренд, кој ќе напредува и понатаму. Истовремено, ова ѝ овозможува на компанијата „Нестле" повеќе да се фокусира на кондиторскиот асортиман на своите познати брендови Kit Kat, Lion, Smarties и After Eight кај кои планираме иден силен пораст, рече Јана Михајлова, регионален директор на „Нестле" за пазарите во Југоисточна Европа.
 
„Нестле" е посветена во работењето во Србија, каде е присутна веќе 25 години, има фабрика во Сурчин и вработува 547 луѓе. Компанијата бара можности да го подобрува работењето, да го оцени своето портфолио и да создаде вредност во заедницата каде што работи, истакнаа од компанијата.

 


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...