Македонија

Кризен штаб во Стопанската комора

25 мар 2020

Стопанската комора на Македонија како најстара и најголема бизнис-заедница во земјава, по реализирани интензивни контакти со компаниите, со претставниците на власта и со економските експерти изминатата недела презема неколку активности. Врз основа на сите тие разговори, одлучив да формирам Кризен штаб во рамките на комората, кој 24-часовно ќе ја следи состојбата и ќе биде на ваше располагање, вели Брано Азески, претседател на комората, во обраќањето до членките.

Останува функционирањето на службите на СКМ врз основа на мојата наредба издадена истиот ден кога е и прогласена вонредната состојба. Тоа значи дека од денеска преминуваме на работа во вонредни околности на сите нивоа. Одлуката ја донесов од неколку причини. Прво, од сите разговори, сосема ми е јасно дека здравствено-економската криза ќе потрае најмалку уште неколку месеци, за што имав консултации и со нашите пријатели во Европа, меѓу најголемите светски производители и структури во Коморскиот инвестициски форум. Второ, сосема е јасно дека Владата, која посветено работи на решавање на кризата, во најголем дел е потпрена на нашите ресурси. Трето, состојбата кај вас, членките, е таква што тоа бара од нас 24-часовен ангажман, вели Азески.

Претседавачот на Собранието на СКМ, Антони Пешев, потпретседателката Елисавета Георгева-Јовевска, главниот советник на Управниот одбор за економски прашања Зоран Јовановски и извршниот директор Биљана Пеева-Ѓуриќ ќе бидат секојдневно достапни за решавање на проблемите на компаниите. Договорена е и реорганизација на владиниот центар за повици за подобар пристап до него од страна на компаниите и нивните вработени.

Исто така, преку Коморскиот инвестициски форум во Трст, испративме писмо до претседателката на Европската комисија, Урсула ван дер Леен, со две барања што ги засегаат земјите од регионот, а тоа се ограничувањето на извозот на заштитна медицинска опрема од европските земји и обезбедувањето дозволи за пристап до зелените коридори на компаниите од Западен Балкан, затоа што ценам дека во моментов најголем проблем е транспортот. Продолжуваме со уште појако темпо затоа што тоа од нас го барате вие и кризата и, верувајте ми, ќе направам сѐ, покрај првичните неснаоѓања на апослутно невообичаената криза, Комората да профункционира најдобро“, вели Азески по повод фирмирањето на Кризниот штаб на СКМ.




Слична содржина

@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.