Македонија

АХВ: Препораки за бизнисите и операторите со храна

25 мар 2020

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) упатува неколку препораки до бизнисите и операторите со храна, со кои ќе овозможат соодветно да се одржи производството и прометот со храна во време на пандемијата, кога храната е најзначаен производ на пазарот.

  • Ако сметате дека е потребно, препораките напишете ги на видно место.
  • Засилете ги сите мерки што се однесуваат на добрите хигиенски и производствени практики.
  • Иако досегашните сознанија покажуваат дека вирусот корона не се пренесува преку храната, луѓето што работат со храна, преку кашлање, кивање или преку контакт со раце може да го пренесат вирусот на работните површини и на храната, освен, ако строго ги следат добрите практики за лична хигиена.
  • Во процесот на производство и промет со храна, не треба да работат луѓе што имаат некој од симптомите на Ковид-19.
  • Воведете дополнителни контроли за да се уверите дека со храна работат здрави луѓе. Пред почетокот на секоја нова смена,  раководителот да направи консултација со вработените, за состојбата на нивното и здравјето на семејствата.
  • На видно место истакнете ги чекорите за правилно миење на рацете.
  • Луѓето што работат со храна мора да ги мијат рацете: пред да почнат со работа, пред да ракуваат со зготвена храна, односно подготвена храна за консумација од страна на потрошувачите, по ракување или подготовка на сурова храна, по ракување со отпад, должности за чистење, користење на тоалетот, по јадење, пиење или пушење, по ракување со пари, или генерално – редовно.
  • Доколку се користи заштитна опрема во процесот на производство и промет со храна, информирајте ги вработените како правилно да ја користат.
  • Заштитните ракавици мора често се менуваат, а рацете да се мијат по секое вадење и пред секое менување на нови ракавици.
  • Заштитните ракавици  треба да се сменат по извршување на активности што не се поврзани со храна, како што се отворање/затворање на вратите со рака, празнење на канти, ракување со пари и сл.
  • Луѓето што работат со храна треба да бидат свесни дека носењето заштитни ракaвици може да им овозможи на микроорганизмите да се соберат на површината на рацете. Затоа, миењето на рацете е исклучително важно кога ќе се отстранат ракавиците. На тој начин ќе се избегне последователно загадување на храната.
  • Кога се носат заштитни ракавици подолг период, без често менување и миење на рацете, микроорганизмите на кожата брзо се размножуваат поради топлината и влажноста што ја создаваат ракавиците. Кога заштитните ракaвици ќе се отстранат, ако се ракува со храна без миење на рацете, голем број бактерии можат да се пренесат во храната.
  • Правилното миење на рацете е исклучително важно, без оглед  дали се користат заштитни ракавици или не. Ако се користат, миењето на рацете треба да се изврши пред да се стават ракaвиците, меѓу менувањето на ракавиците и откако тие ќе се отстранат.



Слична содржина

@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.