Македонија

Рамстор: Имаме залихи, цените остануваат исти

17 мар 2020

Продавниците на „Рамстор“ имаат доволно залихи, а на денешната средба, генералниот директор на „Рамстор“ – Македонија Ајхан Узун добил потврда од доставувачите дека и тие немаат проблем со залихите.

На средбата со министерот за економија Крешник Бектеши беа присутни преставници на поголемите маркети, Државниот инспекторат и најголемите дистрибутери на храна.

Сакам да искажам голема благодарност до министерот и до сите присутни на денешниот работен состанок, кој помина многу продуктивно. Во моментов има доволно залихи во нашите продавници, а на денешната средба добивме потврда од доставувачите дека и тие немаат никаков проблем со залихите. Цените на основните производи остануваат непроменети, а ќе се обидеме да ги држиме под контрола  и залихите на сите неопходни прехранбени производи за подолг период, истакна Узун.

Тој додава дека „Рамстор“ става акцент на здравјето на потрошувачите, вработените и на сите граѓани, води грижа максимално и навремено да ги задоволи потребите и капацитетите на сите продавници, применувајќи строги правила за безбедност во маркетите, во согласност со препораките од Министерството за здравство и Владата.

Упатуваме порака до сите граѓани дека нема простор за паника во однос на залихите и услугите, бидејќи ситуацијата е под контрола, работиме координирано со почитување и применување на сите нови мерки предложени, заклучува Узун.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...