Македонија

Стокомак: Се откажавме од заработувачка од личните средства за хигиена

16 мар 2020

Од „Стокомак“ внимателно ги следат актуелните случувања со вирусот корона и водат грижа за состојбата и активностите што ги преземаат. Службите на македонскиот дисконтер се максимално посветени и внимателни за секој производ од асортиманот.

„Стокомак“ се откажа од заработувачка од личните средства за хигиена, не како кампања, туку како општествена одговорност за да им излеземе во пресрет на граѓаните и на купувачите. Цените на другите производи остануваат на истото ниво како и досега и се обидуваме колку што можеме тоа да го одржиме, изјави за InStore Славко Георѓиев, менаџер за продажба во „Стокомак“.

Тој додава дека како сектор кој е стратешки столб на општеството, бидејќи служи за основните човечки потреби, водат грижа редовно и навремено да ги задоволат потребите и капацитетите на маркетите за да ги опслужат редовните купувачи. Редовно контактираат, преговараат и се договараат со домашните и странските доставувачи и наоѓаат решенија за справување со ситуацијата.

Засега успешно се справуваме и редовно и максимално ги опслужуваме со производите, согласно капацитетите што ги имаме на располагање, но и согласно препораките на здравството. Имаме и одговорност и обврска колку што е можно подобро да ги заштитиме и нашите вработени, постојано воведуваме рестриктивни мерки и правила за безбедноста во маркетите. Нам ни е важно и нашиот професионален тим околу 500 вработени во маркетите и во дистрибутивниот центар да останат целосно заштитени и подготвени, истакнува Георѓиев.

Од денес (16 март) „Стокомак“ воведе и рестриктивно работно време. Од понеделник до сабота дисконтерот ќе работи од 8 до 19 часот, а во недела од 8 до 16 часот.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...