Македонија

Grand kafa Strong – ново кафе на пазарот

18 фев 2020

На полиците на маркетите низ земјава се појави новото свежо мелено кафе – Grand kafa Strong.

Новиот вкус на Grand kafa е фино мелено кафе, истовремено и силно и пивко, а се одликува со интензивно темна кафена боја, се наведува во соопштението на „Атлантик група“.

Grand kafa Strong се издвојува по единствениот начин на мелење и печење, како и по внимателниот избор на кафе. Имено, за да се ослободи природната сила на кофеинот и за да добијат потемна, чоколадна боја, кафените зрна се печат на повисока температура, а потоа се мелат на традиционален начин, со камени млинови. На тој начин, зрната ослободуваат посебно ароматично масло, кое придонесува за интензивна арома и за комплексен вкус, соопштија од компанијата.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...