Млекарницата „Лакталис Македонија“ по шести пат организираше посета на Саемот „Агротика 2020“ во Солун, кој важи за најголемото собирно место за фармерите и земјоделците кои сакаат да видат како изгледаат најновите напредоци на полето на сточарството, земјоделството и земјоделската опрема.
Секоја парна година саемот „Агротика“ ја изложува најмодерната земјоделска опрема од производителите ширум светот, а секоја непарна година се претвора во Саем за сточарство кој опфаќа говедарство, живинарство, па до кинологија и фелинологија. Саемот, кој се одржуваше од 31 јануари до 2 февруари е најблиското место каде македонските фармери можат да ги проследат најновите машини и опрема која се користи во земјоделието.
Оваа година, „Лакталис Македонија“ организираше посета на саемот за 41 фармер, тројца ветеринари и шест вработени во одделот за откуп на млеко. Тие имаа шанси да разгледаат дел од земјоделските машини и опрема кои беа изложени, но и да се споделат искуства со други земјоделци кои беа допатувани од повеќе земји, соопштија од компанијата.
Овогодишното издание на „Агротика“ сруши три рекорди: собра најголем број изложувачи, покри најголема површина досега и имаше најголем број посетители во неговото 28-годишно постоење.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.