Македонија

Награда за компанија со најдобра пракса за безбедност и здравје при работа

14 фев 2020

Националниот совет за безбедност и здравје при работа со поддршка од Министерството за труд и социјална политика, и оваа година организира Избор за доделување на Национална награда на компанија со најдобра пракса за безбедност и здравје при работа.

Крајниот рок за пријавување на компаниите е 15 март. 

Наградата и оваа година ќе се додели во три категории: мали компании (до 50 вработени), средни компании (до 250 вработени) и големи компании (над 250 вработени). Изборот ќе биде направен од страна на независна комисија составена од експерти во областа (стручни лица за безбедност при работа и лекари-специјалисти по медицина на трудот).

Пополнетите апликации, заедно со кратката презентација (максимум 8-10 слајдови) која ќе даде генерален приказ или лична карта на компанијата и имплементираните системи/мерки/политики за БЗР, треба да се достават до определениот рок на следните e-mail адреси jasmina.chaloska@mf.edu.mk и ddocinski@mtsp.gov.mk

Свеченото доделување на годишните награди ќе се одржи во рамки на одбележувањето на 28 април, Светскиот ден за безбедност и здравје при работа.