Македонија

Мерки за вработување на 12.000 невработени и поддршка на 1.364 микро бизниси

13 фев 2020

Средства во износ од 1,4 милијарди денари издвои државата годинава за активни мерки и програми за намалување на невработеноста.

Очекувањата се со нив да бидат вклучени околу 12 илјади лица и тие да обезбедат рамномерен опфат на мажи и жени. Фокусот во најголем дел ќе биде најмногу на лица до 29 години, а мерките и програмите треба да обезбедат и рамномерна регионална застапеност. Со нив ќе бидат поддржани 1.364 микро бизниси.

Вицепремиерката задолжена за економски прашања Мила Царовска, на денешната презентација на Оперативниот план за 2020 година пред синдикатите, работодавачите и стопанските комори истакна дека оваа сума е највисока досега што се издвојува за активни мерки и програми за вработување. Зголемувањето, рече, се должи на фактот што изминатите години тие ги дале очекуваните резултати.

Царовска потенцираше дека со активните програми и мерки се обезбедува поголема вработливост за сите невработени лица, стимулиријаќи ги невработените да се преквалификуваат или доквалификуваат, како и компаниите да ги апсоорбираат овие невработени лица и да ги вклучат во пазарот на трудот.

 За Оперативниот план оваа година обезбедивме 1,4 милијарди денари, од кои 1,3 милијарди денари се од државниот буџет, додека останатите финансиски средства се обезбедени од партнерските организации, UNDP, EU, UNOPS, ILO и SDC, кои постојано ја поддржуваат државата да инвестира во активни мерки за вработување. Благодарение на оваа рекордна сума, очекуваме оваа година да бидат вклучени речиси 12 илјади невработени лица, односно 11.761 лице. Во 2020 година продолжува трендот на инвестирање во невработените лица од кои очекуваме да развијат претриемачки дух. Се покажа дека стартувањето на овие микро бизниси од невработените лица се навистина одржливи, во 2020 година очекуваме да поддржиме 1.364 микро бизниси, за кои одвојуваме 447 милиони денари, за да невработените лица се самовработат, а ако понатаму се развиваат да бидат вработувачи на други невработени лица, рече Царовска. 

Очекувањата за воспоствување на што повеќе микро бизниси се базираат на реалност, како што потенцира таа, ако се земат во предвид формираните претријатија преку мерката Самовработување во изминатите две години, 93 отсто од основаните компании во 2017 година се сеуште живи, додека од компаниите формирани во 2018 година, 99 отсто се сеуште активни.

Директорката на Агенцијата за вработување Билјана Јовановска кажа дека Агенцијата е потполно подготвена за успешна имплементација на Оперативниот план за 2020 година.

Оваа година ќе имплементираме обуки кај работодавачи, обуки за стручни квалификации, за занимања, за возачи, за претриемништво и за ИТ вештини. Обуките се однесуваат за оние дефицитарни занимања, за да им се излезе во пресрет на работовачите и невработените лица. Практиканството е мерка која ја побаруваа и компаниите и невработените, а во 2020 година планиран е опфат од 1.575 лица со буџет од 46 милиони денари. И покрај тоа што немаа обврска, треба да споменеме дека околу 50 практикантите беа задржани кај работодавачите и по завршување на процесот на практиканство – нагласи Јовановска.

Мерките и програмите се објавени на веб страницата на Агенцијата за вработување, а сите заинтересирани можат да аплицираат во центрите за вработување во земјава.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 


Слична содржина



Македонија во следната година очекува раст на БДП од 4,8 отсто

21 сеп 2020

Секој може да биде газда за 1 евро

21 сеп 2020

Уште пет години продолжена дозволата на „Пакомак“ за колективно постапување со отпад

21 сеп 2020

Министерот за земјоделство: Ќе се откупи целото грозје до последно зрно

21 сеп 2020

Грантови за уште 31 фирма преку Фондот за иновации

21 сеп 2020

Владата утврди мерки за помош на лозарите и на винариите

21 сеп 2020
Вчитува уште новости...