Македонија

Почна пријавувањето за натпреварот за „зелени идеи“

11 фев 2020

Од денес официјално почнува пријавувањето за шестиот натпревар „Зелени идеи 2020“, во организација на АРНО.

Здружението за социјални иноваци АРНО (Асоцијација за развој на нови опции), во соработка со „Фондот на браќата Рокфелер“ од САД, го распишува конкурсот за избор на идеи и проекти на претприемачи што промовираат традиционална изработка на производи, користат ресурси од локалната заедница и потикнуваат иновативни идеи за развој на животната средина.

Од годинава новина е што апликантите можат да аплицираат во една од двете категории. Првата е категоријата за зелени концепти (ембрионски идеи), со барање за поддршка до 5.000 долари, на која можат да аплицираат физички лица. Втората е категоријата за зелени идеи, со барање за поддршка до 10.000 долари, на која можат да аплицираат само правни лица.

„Филантропија за зелени идеи“ е годишен конкурс кој поддржува  развој на мали, локални одржливи бизнис-идеи во Западен Балкан: Македонија, Албанија, Косово, Црна Гора, БиХ, Србија и во Грција. Секоја година по тројца претставници од секоја од земјите се натпреваруваат на регионален натпревар.

Натпреварот е поддржан од Фонд за иновации и технолошки развој и од асоцијацијата за менаџмент-консалтинг „МКА-2000“. Повикот за доставување на зелени идеи за 2020 година е објавен на веб-страницата zeleniidei.mk и е отворен до 10 април (23:59 часот).



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 


Слична содржина



Македонија во следната година очекува раст на БДП од 4,8 отсто

21 сеп 2020

Секој може да биде газда за 1 евро

21 сеп 2020

Уште пет години продолжена дозволата на „Пакомак“ за колективно постапување со отпад

21 сеп 2020

Министерот за земјоделство: Ќе се откупи целото грозје до последно зрно

21 сеп 2020

Грантови за уште 31 фирма преку Фондот за иновации

21 сеп 2020

Владата утврди мерки за помош на лозарите и на винариите

21 сеп 2020
Вчитува уште новости...