Македонија

Македонски национален штанд на „Продекспо 2020“ во Москва

10 фев 2020

Македонија со Национален штанд се претставува на Меѓународниот саем за храна, пијалоци и суровини за прехрамбената индустрија „Продекспо 2020“ во Москва. Најголемата саемска манифестација од овој вид во Руската Федерација и во Југоисточна Европа беше отворена денес и ќе трае до 14 февруари во изложбено саемскиот „Експо-центар“.

Настапот на македонските компании е во организација на Македонска-руската стопанска комора и со финансиска поддршка на Министерство за земјоделствo. На овој значаен деловен настан од областа на производството и пласманот на храна и пијалоци своите производи ги изложуваат македонските производители - винариите „Тиквеш“ од Кавадарци, „Далвина“ од Струмица, „Стоби“ од Градско и „Езимит“ од Лозово, како и млекарниците „Бучен Козјак“ од Куманово и „Малеш“ од Берово. 

На националниот штанд на 65 квадратни метри руските увозници и дистрибутери, трговските ланци и најголемите маркети, како и  другите деловни луѓе и бројните посетители, ќе можат да ги запознаат врвните македонски вина и квалитетна млечни производи на овие нашите производители, од кои дел допрва се подготвуваат за влез на овој голем пазар. Можностите се на дофат на компаниите, од нив сега зависи колку ќе ги искористат, а оваа саемска манифестација е идеална за склучување на извозни деловни зделки, вели Дејан Бешлиев, извршен директор на Македонска-руската стопанска комора.

На овој саем, на површина од 100.000 квадратни метри ги изложуваат своите производи 30 индустриски сектори, буквално сите сегменти од производството на храна. Присутни се 2.600 компании-изложувачи од 67 земји од светот. Поставени се 31 национални штандови. Се очекува низ халите на „Експо центарот“ да поминат 67.000 посетители од 112 земји и претставници на 120 меѓународни и руски трговски ланци.

„Продекспо 2020“  ги собира на едно место ги собира трговците – увозници од федерално и локално ниво, кои се стратешки партнери на прехрамбената и индустријата на пијалоци во Русија и Евроазиската унија, како и претставниците на ХоРеКа секторот – хотели, ресторани, кафулиња и барови.

На оваа саемска изложба може да се видат нови производи, трговски марки и брендови.Повеќе од 14 отсто од новитетите во овие индустрии се презентираат на овој саем, а од годинава посебно се издвојуваат и компаниите од секторот на органска храна.

tags:



Слична содржина

@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.