Македонија

Битолско свежо млеко отсега е дополнително збогатено со витамин Д3

22 јан 2020

Битолско свежо млеко отсега е дополнително збогатено со витамин Д3, соопштија од „Бимилк“. 

Од компанијата велат дека покрај тоа што е природен извор на калциум,ова млеко е лесно за консумација бидејќи не е потребно да се вари и се консумира свежо. Со ваквиот состав ова млеко се препорачува особено во зима, кога сончевите денови  се ограничени, како и за за повозрасната популација и нивната зголемена потреба од грижа за коските и забите. 

„Битолска млекара“ посветено продолжува со создавање висококвалитетни производи и подобрување на сопственото производно портфолио. Како најголем производител на млеко и млечни производи во Македонија, со секој новитет ја исполнуваме нашата обврска и на потрошувачите им нудиме производ што е конкретен одговор на вистинските хранливи потреби и производ којшто нуди здравствени придобивки. Така, Битолското свежо млеко со Д3 витамин, како производ со веќе изразени нутритивни вредности, сега има збогатен состав и дополнителна вредност, изјави Полексена Јанкуловска, маркетинг менаџер во „Бимилк“.

Битолско свежо млеко со Д3 е произведено од најквалитетно домашно млеко и според највисоки производни стандарди, додаваат од „Бимилк“.