Македонија

Душан Марковиќ од „Гемак“ е добитник на престижното признание PRO PR GLOBE AWARDS

14 јан 2020

Меѓународната комисија на PRO PR Globe Awards, составена од реномирани европски и регионални експерти, оваа година донесе одлука дека признание за свој придонес во развојот на областа односи со јавност, ќе добијат признати регионални и странски комуникациски стручњаци. Добитник на оваа награда од Македонија е Душан Марковиќ, корпоративен маркетинг директор на „Гемак“ Скопје.

Покрај него, признанија добија и: Силваин Пасква, лидер на тимот за европска културна и креативна индустрија во Европската комисија, Грцегор Шапански извршен директор на Hill + Knowlton Strategies, Fabio Marando, раководител на одделот за односи со медиуми на Casse depositi e prestiti, Дик Федорико член на Управниот одбор во болницата Heart of Kent, Давид Холдсток, директор за комуникации при Асоцијацијата за локална самоуправа во Лондон, Казунори Азејанаги од Јапонија, претседател и извршен директор на Dentsu Public Relations Inc. , Марибел Конигер, директор за комуникации во ERSTE Австрија, Carlos Chaguaceda директор за комуникации во музејот „Museo del Prada“ од Мадрид, Ева Меклајн, директор на Maclaine Communicationsa во Велика Британија и директор на одборот CIPR (Charted Institute of Public Relations), како и Џејмс Лаки, извршен директор на Shamal Communications во Обединетите Арапски Емирати.

Добитници на признанија во Србија се Тања Татомировиќ, раководител на оддел за комуникации во Microsoft, за 24 пазари во Европа и Евроазија , Тамара Коштро, службеник за комуникации и медиуми во Делегацијата на Европската унија во Србија, како и Лазар Бошковиќ, креативен директор и сопственик на AgitPROP.

Добитници од Хрватска се Ирена Куртанјек, раководител на корпоративни комуникации во „Нестле“ Хрватска, Словенија и Босна и Херцеговина, Нина Ишек Меџугорац, директор на корпоративни комуникации во хрватскиот Телеком и Дражен Думанчич, помошник извршен директор за односи со јавност и маркетинг на PBZ (Privredna banka Zagreb). Драгана Црвеница, директор на одделот за комуникации во „Ерсте банка“- Подгорица и Оливера Џукановиќ, шеф на кабинетот за односи со јавност на Владата на Црна Гора. 

Во Словенија, PRO PR GLOBE AWARD оди во рацете на Ксенија Бенедети, советник за деловни комуникации и протокол на универзитетот во Приморска, Јудин Вречар, маркетинг менаџер во фабриката за стакло Рогачка, како и Борис Црница раководител на оддел за односи со јавност на фестивалот Lent. Победници од Босна и Херцеговина се Мелина Камериќ, специјалист за односи со јавноста и комуникации на Al Jazeeri Balkans и Нино Чориќ, раководител за односи со јавност на универзитетот во Мостар. 

Откако поранешните победници ги номинираа новите кандидати, специјалната комисија врз основа на анализи, медиумски објави и други релевантни информации, донесе одлука за имињата на 23-те победници.

На свечената церемонија ќе бидат доделени и три дополнителни  специјални награди: PRO PR Vision City на градот Жалец, наградата Vision Manager на Даница Зорин Мијошек и наградата PRO PR Infigo Award на Такаши Инуе, за посебен придонес во развојот на областа односи со јавност.

PRO PR GLOBE AWARDS е програма за наградување на поединци кои преку својата работа придонесуваат за подобра перцепција и позиционирање на професијата односи со јавност на локално и глобално ниво. Истата е основана во 2012 година со цел одбележување на десетгодишнината од конференцијата PRO PR. 

Свеченото доделување на признанијата ќе се одржи на 20 март во хотелот Terme Olimia – Hotel Breza, како дел од 18-то издание на меѓународнатa PRO PR конференција.

Признанието PRO PR GLOBE AWARDS вклучува и уникатна статуа која за оваа пригода ќе ја изработат студентите од академијата за применета уметност од Риека.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 


Слична содржина



Македонија во следната година очекува раст на БДП од 4,8 отсто

21 сеп 2020

Секој може да биде газда за 1 евро

21 сеп 2020

Уште пет години продолжена дозволата на „Пакомак“ за колективно постапување со отпад

21 сеп 2020

Министерот за земјоделство: Ќе се откупи целото грозје до последно зрно

21 сеп 2020

Грантови за уште 31 фирма преку Фондот за иновации

21 сеп 2020

Владата утврди мерки за помош на лозарите и на винариите

21 сеп 2020
Вчитува уште новости...