Македонија

„Кривогаштани промет“ и „Пакомак“ добија признание „Македонски квалитет 2019“

16 дек 2019

Осум компании, културно-уметничко друштво и една образовна установа се годинашните добитници на наградата „Македонски квалитет 2019“. Манифестацијата на доделување на признанијата традиционално ја организираше Сојузот на стопански комори (ССК), под покровителство на претседателот на државата, Стево Пендаровски. 

Добитници на „Македонски квалитет 2019“ се „Кривогаштани промет“, „Пакомак“, „Настел“, „Бе-Да Логистик“, „ФитоФарм“, „Бироком“, „Тифи Груп“, „Евросуровина ПА“, Меѓународно училиште „НОВА“ и АКУД „Мирче Ацев“.

Пендаровски ги охрабри добитниците на признанието  да продолжат да придонесуваат за развој на македонската економија.

Вие сте носители на нашата национална економија. Би сакал да ве поттикнам и натаму да создавате квалитет, а како амбасадори на македонскиот бренд ја имате мојата безрезервна поддршка во насока на унапреудвање и промоција на нашиот квалитет, рече Пендаровски. 

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...