Македонија

Се отвори фабриката „Подгорка“ во Струга

13 дек 2019

Премиерот Зоран Заев денеска во Струга ја отвори фабриката за преработка на месо „Подгорка” изградена со помош од ИПАРД програмата. 

Бинзис идејата и моделот на оваа иницијатива беа високо оценети и како резултат на тоа таа сосема заслужено доби највисока финансиска поддршка од мерката 3 на ИПАРД 2 програмата, односно 2,07 милиони евра. Станува збор за домашна компанија што отвори нови работни места, со нова додадена вредност во нашата економија, рече Заев на отворањето.

Поголемиот дел од производите на „Подгорка” ќе бидат извозно ориентирани и тоа најмногу во соседна Албанија.

Производствениот капацитет на фабриката е вреден 4,4 милиони евра. Половина од средствата на инвестицијата се вратени на инвеститорот, и тоа 1,6 милиони евра од европските фондови додека 560 илјади евра се средства од националното кофинансирање. Компанијата веќе има 55 вработени, со проекции за проширување на капацитетите во наредниот период. Тоа е најголемиот проект во земјата реализиран со поддршка на претпристапните фондови на ЕУ

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...