Македонија

Alpsko и Président ја поддржаа инклузивноста на децата со попреченост

06 дек 2019

Брендовите Alpsko и Président на „Лакталис Македонија“ земаа учество на настанот Меѓународен инклузивен драмски фестивал „Игри без маски” кој од 27 до 29 ноември се одржа во МНТ.

Настанот беше од меѓународен карактер и во него учествуваа поовеќе држави меѓу кои и Бугарија, Романија, Србија, Косово и Босна и Херцеговина.

За нас и за нашите брендови децата се приоритет, па сериозно внимаваме на нивните потреби кога развиваме значаен дел од рецептите за нашите продукти, но и кога ги планираме нашите општествено-одговорни активности. Оваа година, со задоволство се вклучивме во една прекрасна манифестација на вистинска инклузија и спроведување на зборовите во дела – Меѓународниот драмски фестивал „Игри без маски“. Неколку денови се дружевме со учесниците од повеќе држави чии детски театарски групи го претставија сиот свој талент на сцената. Имавме убава можност и да ги поканиме гостите и посетителите да дегустираат дел од нашите производи на неколку штандови во фоајето на театарот и другите локации каде се одржуваа забавни настани за учесниците.Тоа што бевме дел од “Игри без маски“ и на тој начин дадовме своја поддршка на инклузијата на различностите во нашата земја, за нас беше крајно инспиративно, мотивирачки и ќе ни биде сериозен поттик за следните проекти, велат од „Лакталис Македонија“. 

Во склоп на фестивалот беше организирана и посета во канцеларијата на претседателот на државата, Стево Пендаровски, каде на неговата сопруга  Елизабета Ѓоргиевска која беше главен покровител на настанот, ѝ беше доделена корпа со пакет производи од спонзорот.
На свеченото затварање на настанот беа поделени и пакети од спонзорот за финалистите на фестивалот.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...