Македонија

Отворен ден на GS1 Македонија

25 ное 2019

GS1 Македонија по третпат организира отворен ден за бизнис-зедницата со атрактивни теми, оваа година поврзани со новите трендови и иновации во областа на транспортот и логистиката.

Темата на настанот е „Со GS1 стандардите за менаџмент во транспортот и логистиката до зголемена конкурентност, бизнис раст и дигитализација" и ќе се одржи на 28 ноември 2019 година, со почеток во 10:00 часот, во хотел „Александар палас“ (Конгрес сала 2).

Целта е размена на искуства и успешни практики, како и остварување и зацврстување на деловните контакти. Овој настан е од едукативна и информативна природа, се одржува еднаш годишно и на него без надокнада може да присуствуваат сите заинтересерани компании.

Шпедитерите и логистичките компании во светот работат во динамично опкружување кое поставува високи барања за економска, еколошка и социјална одржливост. Дигитализацијата го менува однесувањето на потрошувачите, како и производствените и продажните стратегии на индустријата и трговијата. Како резултат на иновациите во процесите и технологијата, се креираат нови логистички решенија. Истовремено иновациите доведуваат и до прегрупирање на учесниците на пазарот.

Компании заслужуваат да бидат подготвени да одговорат на новите предизвици со цел да го прошират својот пазар, да стекнат нови деловни партнери и потрошувачи како во државата така и надвор од нашите граници.

Затоа GS1 Македонија ги поканува сите компании да присуствуваат и да ги слушнат избраните предавачи кои ќе ги изнесат своите искуства во секојдневното работење во областите на транспортот и логистиката, обезбедување на процесот на следливост како неизоставен дел од логистичките процеси.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 


Слична содржина



Отворен нов „Супер Тинекс“ маркет во Тафталиџе

09 јул 2020

„Свисслион“ го презема „Агроплод“ од Ресен

09 јул 2020

Прифатени се 5.000 приговори од средношколци и студенти за платежната картичка

09 јул 2020

Над 130 компании донираа во Солидарниот фонд за борба против Ковид-19

09 јул 2020

ССМ: Сабота и недела да се неработни денови

09 јул 2020

Околу 55.000 работодавачи ја искористија поддршката за исплата на плати

09 јул 2020
Вчитува уште новости...